Преподобен Јустин Поповиќ
 
 
 
 
 

Преподобен Јустин Поповиќ (14.01.2011)

Секоја мисла треба да биде испитана со молитва – и да е родена од молитва; чувството, мислата која не се моли, не е од Бога, не е од Божјиот дом, не е од Црквата. Смирената философија, молитвената философија е единствениот метод за постигнување на Христософија. Знамение на Православието. (20.01.1921)

 

Кога магнетот на благодатта силно ќе ја повлече душата во горните светови, тогаш човекот се претвора во молитвена стрела која секавично ги преоѓа пространствата и просторите. Громот на благодатта удира во срцето за многу подвизи и трудови.

 

Господи, колку е грандиозна тајната на Твоите светови! Јас овде ги шепотам своите молитвички, а тие одекнуваат до бескрајниот крај на Твоите светови, и се разлеваат по сета твар – и тоа со логосноста на секоја малечка твар, бидејќи Ти си во сѐ и преку сѐ; и сето мое преку Твоето се вткајува во Твоите светови, сето мое – освен моите гревови и моите зла, кои со својата тежина се ничкосуваат во пеколот. (Тодорова сабота, 1958, манастир Ќелии)

 

                                                                                                                                      Преподобен Јустин Поповиќ