Против ересите
 
 
 
 
 

Против ересите (19.02.2011)

Незаситен, како што и изгледа, лошиот искушувач, не престана да мудрува во злото, во она, што од почетокот на создавањето на човекот го смисли против човековиот род, но и со многу измами, уште пред Христовото доаѓање, го поттикнува човекот на непријателски и незаконски дела, го пресекува во послушноста кон Бога, на кои им даде систематски облик и после нив не престана со многу илузии и измами да ги победува и одвлекува оние кои го слушаат. Оттаму произлегоа симонитите, маркионитите и монтанистите, манихејците, и така се намножија многуглавите богохулни ереси. Од таму произлегоа Ариј, Македониј, Несториј и Ефтихиј, и Диоскор и целото останато неблагочестие. Против нив се одржаа седум свети и Вселенски собори, каде се собраа многу помесни свети и богоносни Отци, искоренувајќи ги за секогаш злите штетници со ножот на Светиот Дух и подготвија `ртење на чисто црковно семе.

 

И кога се свртија против нив одлуките на Вселенските собори и откако беа протерани од нашата почва и предадени на тишината и заборавот, негувана е добра и длабока надеж кај блaгочестивите, никогаш да не се појават нови измислици и еретички богохулства со кои ги искушува лошиот. Ниту, повторно да се најдат некои нивни заштитници, кои мислат дека личат на нив, откако го видоа уништувањето и страдањето на оние кои се зачетници на ересите. Со тие надежи се одмори благочестивото учење, секако и во царскиот град, во кој се исправени многу безнадежни состојби, со Божја помош, многу јазици ја отфрлија претходната одвратност, научија да пеат заедно со нашиот заеднички Создател и Градител на сѐ. И Цариград како да стана едно високо издигнато место од кое извира чиста вода на благочестие, која тече по сите краеви на вселената и како реки кои од догмите ги наводнуваат душите кои таму се наоѓаат, кои иако поминало многу време откако се подзасушиле од неблагочестивите учења или изгореле од ересите и станале пусти и бесплодни, сепак се претворија во плодоносни Христови добродетели...  

 

Свети Фотиј Патријарх Цариградски