За смислата на постот и неговото значење (10.03.2011)
Во Светото Писмо читаме за неопходонста од постите. Прво од примерот на Исус Христос кој постел 40 дена во пустината, иако е Бог и немал потреба од тоа. Второ, на прашањето на ученикот, зошто не можеле да го истераат нечистиот дух од момчето, Тој одговорил: „Заради вашето неверие“, и потоа додал: „Овој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост“ (Марко 9, 29).
Надвор од ова, во Пимото постојат упатства дека мораме да постиме во среда и петок, како и во деновите на постите. Во среда, бидејќи на тој ден Христос бил предаден, а во петок, бидејќи бил распнат.
Храна не е најпријатна. Таа не го расипува телото, туку го гои. Светиот апостол Павле вели: „но ако нашиот надворешен човек тлее, внатрешниот од ден во ден се подновува“ (2 Кор. 4, 16). Тој укажува на надворешниот човек како тело и внатрешниот како душа.
Светото Писмо кажува дека секое откажување и секое ограничување е драгоцено пред Бога: „... Царството небесно насила се зема и силните го грабаат“ (Мат. 11, 12). Оние, кои дрско и самоволно ги нарушуваат правилата на постот, се нарекуваат непријатели на Крстот. За нив стомакот е бог, а нивната слава лежи во нивниот срам. Во псалмите се вели: „изгубени низ стомакот“.
Разбирливо, друго е, ако личноста го наруши постот за време на болест или слабост на телото. Но здравите стануваат поздрави, и повеќе од тоа, понекогаш живеат и подолго, иако можеби изгледаат слаби. Со пост и самоограничување телото повеќе не се бунтува, не се предава многу на сон, помалку празни мисли доаѓаат на ум, духовните книги се читаат со поголема желба и со поголемо разбирање.
И така, ако со Божја благодат, развиеш желба да се исчистиш од внатрешните гревови, нека ти биде познато дека тие не можат да бидат искоренети, освен со искрена молитва и пост, а дури потоа со мудрост.
Еве еден храбар пример кој овде се случил. Еден земјопоседник, живеејќи невнимателен живот, одеднаш посакал да преземе сериозен пост: решил целата храна која ќе ја јаде во текот на Големиот Пост да биде зрна од коноп, потопени во безалкохолен пијалок. Од оваа сериозна промена на исхраната во постот, неговиот стомак бил толку оштетен, што не можел да биде излечен ни после цела година.
Еве ги и зборовите на светите Отци: не треба да бидеме убијци на телото, туку убијци на порокот.
Старец Амвросиј Оптински