Старец Порфириј е големо светило за Православието (31.05.2011)
Старецот Порфириј е големо светило за Православието. Него и старецот Пајсиј, старецот Ефрем од Катунаќа и старец Софрониј, некогашниот игумен на светиот манастир на Чесниот Предвесник во Есекс – Света Гора, која е најсигурниот критериум, ги брои за четворица најголеми старци на Православието во нашиве денови.
Што ја чини вредноста на овие луѓе? Тие се луѓе што сведочат дека христијанството е вистина и може да се живее. Ние, верните, имаме потреба од ова сведоштво. Зашто, обично се гледаме себеси и луѓето околу нас како се мачиме и се соочуваме со големи тешкотии да го живееме христијанството. Во мигови на неизвесност и голема борба, човек се прашува: можно ли е да се спроведуваат Христовите зборови во пракса или не е?
Овие луѓе ни покажуваат дека без сомнение Евангелието може вистински да се живее.
И ако тие го постигнаа тоа, тогаш сите можеме да го постигнеме, зашто во Црквата сите сме повикани на успех.
Што бара човекот од Црквата? Лично, работев во Црквата со години, и на Кипар и во странство. Луѓето веќе не бараат толку човекољубие или други форми на помош како што им пружаше Црквата во текот на средниот век или под турското ропство.
Денес човекот бара духовност. Како да се моли, како да комуницира со Бога... Постои ли Бог? Како е можно да постои Бог, кога се чини дека никој не го живее Словото Божјо, или нема никого што Го познава Бога лично и непосредно?
Затоа, сведоштвото на овие големи Отци, како старецот Порфириј и другите големи што ги спомнав, е незаменливо. Нема збор што би можел да се мери со сведоштвото со живот.
Архимандрит Павле од Светиот манастир на Чесниот Предвесник во Есекс, Британија