Старец Силуан: Мојата душа копнее по Тебе, Господи, и во ништо не наоѓа покој, дење и ноќе (03.10.2011)
Ти се сожали над мене, и ми го покажа Твоето Лице, и сега мојата душа копнее по Тебе, Господи, и во ништо не наоѓа покој, дење и ноќе. И плачам како дете што ја загубило мајка си.
Но и детето ќе ја заборави својата мајка, и мајката своето дете, кога ќе Те видат Тебе: душата гледајќи Те, го заборава целиот свет. Така и мојата душа копнее по Тебе, и тагува по Тебе, и не сака да ја гледа убавината на овој свет.
Кога душата ќе ја познае Божјата Мајка во Светиот Дух, и кога во Светиот Дух ќе се ороди со апостолите, пророците, светителите и преподобните. И со сите свети и праведни, тогаш незадржливо копнее по оној свет и не може да се сопре, но тагува и плаче, и не може да се оттргне од молитвата. Но иако изнемоштува телото, и сака да легне во постела, и лежејќи во постелата, душата се граба да биде со Господа и во Царството на Светиите.
Старец Силуан Атонски