Совети кон еден млад човек (2) (07.10.2011)
Чувај го тоа богатство, што ти е сродно и што ти припаѓа во сопствена смисла, откако не ќе дозволиш да се допре до него `рѓа. Применувај ги постигнувањата на науките, занимавај се со творештвото на поезијата, читај ги историските книги, производствата на красноречивите оратори, и убавите расудувања на философите! Меѓутоа, со сето ова, да се справиш благоразумно; со мудрост собирај го од секаде полезното и со расудливост одбегнувај сè што во секој писател е штетно. Подражавај ја во својата работа мудрата пчела, која застанува на секој цвет, но извонредно умно го собира од секој само полезното. Во неа наставничка е самата природа – во тебе пак, наставник е расудувањето. Пожнеј обилно сè што може да ти достави полза; ако забележиш нешто штетно, побргу бегај подалеку, зашто човечкиот ум е брзолетач! Над сè, држи ја во рака Книгата на животот – со задоволство посвети го на неа целото свое внимание; од неа ќе научиш, како да се образуваш во добар карактер и како да го чествуваш единиот и вистински Бог!
Св. Григориј Богослов