Совети кон еден млад човек (3)
 
 
 
 
 

Совети кон еден млад човек (3) (12.10.2011)

Апостолот вели: „Не лажете се: Лошите зборови ги расипуваат добрите обичаи!“ (1. Кор. 15, 33). Младиот човек е должен со сите средства да одбегнува разговори со порочни луѓе и никако да не бара во нив наслада – тие ги воведуваат простодушните момчиња во искушенија и лукаво им ги предаваат своите пороци. Ти строго треба да пазиш на следното правило: да се одвраќаш од непристојни песни и забави; да се гнасиш од зборовите на развратните луѓе и од житејските суети; да ги пазиш очите свои од секаква соблазна и срцето свое од секаков порок! Биди здрав и помни ги моите совети!

 

Свети Григориј Богослов