Молитва
 
 
 
 
 

Молитва (17.01.2012)

Душата која се возбудува од убавините на овој свет, покажува дека во неа уште живее суетниот свет и затоа тргнува по созданието, а не по Создателот, по глината, а не по Бога. Не е важно дали таа глина е чиста или е кал на гревот, зашто човекот по дух е сроден на Духот Божји и со духот, преку молитва, се соединува со Бога.

Исихастичкиот живот (во пустина) со своите повеќекратни предности многу помага во молитвата. А и самото тихување е една мистична молитва и многу помага во молитвата, како дишењето на човекот.

Молитва во недостиг од сон ја храни душата и ѝ дава чувство на сигурност, кое го има детето во прегратките на мајка си. И секако дека е попаметно детето кое трча во прегратките на својата мајка и бива нахрането со љубов и нежност, отколку ние возрасните што го избегнуваме соединувањето со Бога, преку молитва во љубовта, која многупати ја гледаме како задача.

Не постојат поблажени луѓе од оние кои воспоставиле врска со небесната станица и така примаат бранови (пораки) од Бога, исто како што не постојат понесреќни од оние, кои прекинале секаква врска со Бога и зашеметени скитаат по светот.

 

Старец Пајсиј