Свети Јован Златоуст: поуки
 
 
 
 
 

Свети Јован Златоуст: поуки (10.02.2012)

Нема ништо рамно на молитвата, нема ништо појако од верата. 

 

Секој молитвеник разговара со Господ. Зар не е голема работа смртниот човек да разговара со бесмртниот Бог! Може ли некој тоа да го изрази?!

 

Да станеме кротки и да бидеме смирени. Тие добродетели носат добро за семејството и за општеството, за народот и државата, и се убавина за човекот, и драгоцено свидетелство за творечкиот живот. Тие ја водат душата во мирот на вечноста и во населбите на светиите.

 

Да бидеме искрени ученици на Христа: да го носиме достојно Неговото име, да се сакаме еден со друг на дело, да станеме жртвеници на љубовта!

 

Ниту сиромаштијата, ниту болеста, ни телесните повреди, ни ропството не можат да бидат препреки за добродетелите.

 

Добродетелта е сообразна со природата, а порокот и е спротивен, како здравје и болест.

 

Најголема добродетел е сè да се припишува на Бога и ништо да не се смета за свое, ништо да не се прави поради стекнување на светска слава, туку заради благоугодување на Бога.

 

Лагата е уништување на љубовта.

 

Расипаната душа е причината за телесните болести.

 

Неверувањето потекнува од порочниот живот и од суетата.

 

Зар сите болести се од гревовите? Не се сите, туку поголемиот дел од нив. Некои се од негрижа. Стомакоугодувањето, пијанството и мрзливоста, исто така, предизвикуваат болести.

 

Демоните му завидуваат на човекот и никогаш на друг демон, а ти, човеку, му завидуваш на човек.

 

Не се осудуваат богатите, туку оние кои му служат на богатството.

 

Кажи ми: што има добро во тоа да се виде предмет на интерес кај другите? Тоа е суета, и ништо повеќе…

 

Никогаш не се одвојувај од Црквата, зашто ништо не е појако од Неа. Единствена твоја надеж е Црквата; твоето спасение е единствено внатре во Црквата и Таа е твоето прибежиште.

 

 

Свети Јован Златоуст