За постот (10.03.2012)
Втемелувачот на христијанскиот подвиг, Спасителот наш Исус Христос, во очи стапнувањето во подвиг за искупување на човечкиот род, се оддал на долготраен пост. И сите подвижници, почнувајќи да Му служат на Бога, се наоружувале со пост и не стапнувале на патот на крстот на друг начин, туку постејќи.
Ние не треба да го умртвуваме своето тело, туку своите страсти.
Постот не се содржи толку во тоа да се јаде ретко, колку да се јаде – малку. Неразумен е оној кој пости и чека одреден час, па тогаш седнува на трпеза и се прејадува како ненаситен, и со телото и со душата. Што се однесува до храната, треба да пазиме да не бидеме пребирливи, гледајќи кое јадење е вкусно, а кое не...
Воопшто, храната треба да се зема секој ден толку, колку телото да закрепне и да ѝ биде пријател и помошник на душата во извршување на добродетелите. Инаку, може да се случи од истоштено тело душата да нема сила.
Не може секој да го примени на себе строгото правило на воздржување или да се откаже од сѐ што може да му помогне за олеснување на немоќта.
Во петок и среда, особено во време на четирите големи пости, јади еднаш дневно и господовиот ангел ќе се прилепи до тебе.
Свети Серафим Саровски