За послушанието (05.04.2012)
Послушанието го доведува човекот не само до телесна, туку и до духовна бестрасност.
Ако внимателно ги читате книгите на светите Отци, ќе видите дека многу од нив лесно станале светители, нивните души станале свети, а не правеле големи напори, ниту се жртвувале, ниту се подвизувале испоснички, но како? Го избрале послушанието.
Сфативте од каде потекнува послушанието. Од Света Троица. Христос вели: „Но не Мојата волја, туку Твојата нека биде!“. Тука започнува послушанието. Затоа, кој поседува полушност, тој се огледува на Христос!
Сакаш ли да ја имаш молитвата? Сакаш ли кога ја изговараш молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј ме“ потоци солзи да ти течат од очите? Сакаш ли да живееш ангелски живот? Тогаш неопходно е секогаш, ова да го имаш на ум: „Благослови“ и „нека биде благословено“. - Послушанието.
Ако си бил послушен, ќе одиш во рајот, ако не си бил послушен, нема ништо да ти помогне, ни умносрдечната молитва, ниту причестувањето, нема да ти помогне ни Божјата служба. Преодреден си за во пеколот. Ева и Адам, пророкот Елисеј, и Агеј, сите тие примери покажуваат дека на Бога најугодно му е послушанието, пред сите останати добродетели. Останатите само помагаат. Тие не делуваат онака како што делува послушанието.
Ќе ви кажам дека од нас самите зависи дали, онаа светлина што ја носиме во себе, благодатта, ќе ја зголемиме, или можеби ќе ја намалиме. Ако сега нејзината вредност е, на пример, пет степени, утре можеме да ја зголемиме на десет, триесет, педесет, или сто. Тоа зависи од нас самите и од самоодрекувањето, од довербата, љубовта и почитувањето кое го негуваме кон Старецот. Од послушанието кон Старецот зависи колку ќе се зголеми светлината. Но, не треба да имаме послушание само кон Старецот, туку треба да бидеме послушни и едни кон други.
Послушание. Го вадам од главата својот разум и место него го ставам разумот на мојот Старец. Тоа е послушание.
Колку повеќе љубов, самоодрекување и доверба имате кон Старецот, толку повеќе добивате.
Знаете ли колку сила има метанијата која ја правите пред Старецот со зборовите: Старче благослови? Вие не можете тоа ни да го замислите. Тоа го знае само оној кој не го правел тоа кога требало.
Не е благословено да направиш ниту еден чекор, ако немаш благослов од Старецот. Кога ќе добиеш благослов од него, не се плаши од ништо. Направи метанија пред Старецот, бакни му ја раката, па оди стани астронаут и патувај кон месечината – не се плаши, зашто те штити благословот; послушанието.
Знаете ли што значи Старец. Само ѓаволот најдобро знае што значи Старец.
Колку само се успокојува душата на Старецот кога неговото чедо е послушно! Од длабочината на душата извира спокој и благослов: „Господ, чедо мое, нека те благослови“; и те обзема радост.
Во последно време, на секои петнаесет, дваесет дена го гладам Старецот Јосиф. Еднаш го прашав: „Старче, таму каде што си сега, се молиш ли за нас?“ – „Да“, одговара тој, „се молам и за вас“. Пред петнаесет дена, повторно го видов во сон. Му пријдов и го бакнав. А тој ми вели: „Јас сум твојот Старец“. Гладате ли? Таа духовна врска не постои само овде, туку продолжува и на небесата. Постои и понатаму.
Старец Ефрем Катунакиски