Да Му го поклониме срцето на Бога
 
 
 
 
 

Да Му го поклониме срцето на Бога (30.05.2012)

Гледате каков ни е животот на земјата. Ако не се соединиме со Изворот на животот, немаме живот, какви овоземни утехи и да имаме, поволни услови за живот, сето тоа е мака за духот. Една е љубовта која дава радост и утеха за сите. Ние мораме некому да му го поклониме срцето, бидејќи без љубов нема живот. Но, кому и да му го поклониме животот овде на земјата, дали на родениот татко, мајка, брат, жена, маж, сите можат да нѐ презрат и да нè отфрлат. Зошто? Затоа што сите се ограничени во времето и просторот. Она што е ограничено со времето и просторот нe може да ни го даде бесконечното. А ние бараме бесконечно. Ако е љубов, нека не се менува, нека трае вечно, а тоа од ограничените битија не можеме да го добиеме единствено од Бога.

Господ е безгранично битие, Кој опфаќа сѐ и Тој е единствениот моќен и способен да ни го даде она што ѝ е потребно на нашата душа. Сите ние бараме живот, а тоа значи љубов; бараме љубов, а земната љубов, љубовта која е овде на земјата е ограничена. Сѐ што е ограничено не може да се задоволи, а ние, иако сме мали, бараме бесконечно, непроменливо. Само Бог, Кој ги утешува срцата на ангелите и светиите, ќе ги задоволи чувствата на нашето срце. Без оглед дали ние Го почитуваме или не, Тој не се одвојува од нас, Тој е двигател на животот и живее во центарот на секое созадние, во срцето.

 

Свети Теофан Затворник