За Божјиот закон и законот на гревот
 
 
 
 
 

За Божјиот закон и законот на гревот (02.06.2012)

Божественото е добро и предобро; таква е Неговата волја. Зашто доброто е тоа што Бог го сака. Законот е заповед која учи за тоа дека ние, живеејќи според него, ќе бидеме во Светлината; непочитувањето на заповедта е грев. Гревот произлегува од предлогот на ѓаволот и нашето, непринудно и доброволно прифаќање на истиот. Така и гревот се нарекува закон.

И така, Божјиот закон, влегувајќи во нашиот ум, ја привлекува кон себе и ја буди нашата совест. А нашата совест, исто така, се нарекува закон на нашиот ум. Од друга страна, и предлогот на ѓаволот, т.н. закон на гревот, влегувајќи во нашето тело, делува на нас.

Бидејќи, еднаш произволно престапувајќи го Божјиот закон и потклекнувајќи на предлогот од ѓаволот, му откриваме пристап во нас, на тој начин му се предадовме самите себеси на гревот.  Затоа, упокојувајќи се во нашето тело, смрдеата и чувството на гревот, односно сладостасноста и сетилното задоволство, се нарекуваат закон во членовите на нашето тело.

Законот на мојот ум, односно совеста, сочувствува со Божјиот закон, односно со заповедите и ги посакува. Законот на гревот, односно предлогот како закон, кој се наоѓа во членовите на телото, или преку сладострасноста, сетилната склоност и движењето низ неразумниот дел на душата, се спротивставува на законот на мојот ум, односно совеста и иако го сакам Божјиот закон и го љубам, а гревот не го сакам, ме поробува со посредство на мешање (со членовите на моето тело) и преку пријатноста на задоволствата, преку телесната сладострасност и неразумниот дел на душата, како што реков, ми ласка и ме убедува да станам роб на гревот.

Но поради слабоста на законот, бидејќи немал моќ заради законот на телото, Бог Го прати Својот Син во гревовно тело. Затоа што Тој го прими телото, но без гревот; го осуди гревот во телото за да се исполни оправдувањето на законот во нас, кои живееме не по тело, туку по дух (Рим. 8, 3-4). Зашто Духот нѐ крепи во нашите немоќи и му дава сила на законот на нашиот ум против законот, кој се наоѓа во нашите членови - бидејќи не знаеме за што да се помолиме, како што треба, туку Самиот Дух посредува за нас со неискажливо воздивнување (Рим. 8, 26), односно нѐ учи, за што треба да се помолиме.

Затоа, невозможно е да ги исполниме Божјите заповеди, освен со молитва и трпение.

 

 

Свети Јован Дамаскин