Неразумната љубов ги прави децата неспособни (28.06.2012)
Ги гледам денешниве деца, особено оние кои студираат и гледам дека имаат многу штета од домашните. Иако тоа се добри деца, неспособни се. Не мислат, бесчувствителни се. Родителите се тие кои ги расипуваат. Родителите минале низ тешки времиња и не сакаат на нивните деца нешто да им недостига. Кај децата не ја гледаат способноста да бидат среќни и кога немаат. Се разбира, тоа го прават со добра помисла. Непримерно е да се лишуваш себеси, така што тоа нема да го приметат децата. Но да им се помогне да изградат монашка свест и да се радуваат кога нешто им е скусено (забрането), тоа е многу добро. Меѓутоа, со таа своја добрина, таа неразумна добрина, родителите од нив прават „инвалиди“. Сѐ им даваат во раце, дури и вода, за да учат и да не губат време. Така и момчињата и девојчињата стануваат неспособни. Така, тие деца, и тогаш кога не учат, сакаат да им се принесува. Злото започнува од мајките. „Ти дете само учи. Јас ќе ти донесам чорапи, нозете ќе ти ги мијам. Еве ти благо, еве ти кафе“. А децата не размислуваат колку е изморена мајката која им го носи сето тоа, бидејќи не го прават самите. И тогаш почнува – чинија за еднократна употреба, облека за еднократна употреба – јадат пици, а не знаат да стават нешто под нив!... Така стануваат целосно неспособни луѓе. Се изморуваат од животот: Ако им се одврзе врвка, викаат: „Мамо, врзи ми ги врвките!“ Таквите деца подоцна ќе станат вредни? Тие не се ни за брак, ниту за монаштво.
Затоа им велам на мајките: „Не ги терајте децата постојано да учат. Учат, читаат, па им се одмилува. Нека направат 15 минути или половина час пауза, нека сработат нешто ситно по дома, малку нека се помачат.“
Овие лоши навики младите ги пренесуваат и во монаштвото. Така, можете да чуете дека во манастирите има по седум писари, сите млади и образувани. Некогаш имаше по еден писар, а и тој немаше ни два класа гимназија, па сам ја завршуваше целата работа. А сега, и да се седум и вредно да работат, не можат да го завршат ни своето духовно послушание, туку некој постар мора да им помогне!
Свети Јован Кронштатски