Првоврховните апостоли Петар и Павле
 
 
 
 
 

Првоврховните апостоли Петар и Павле (13.07.2012)

Денот на светите апостоли Петар и Павле припаѓа во највозвишените празници од Евангелието. Светото Писмо ни зборува за нивната избраност, а тоа и ни го предвестува крајот на апостолската дејност. Токму на апостолот Петар и на никој друг, Господ му го претскажа врвот на неговата земна проповед, бидејќи Петар прв го исповеда, пред сите апостоли, како Христос, Синот на живиот Бог, тој беше првиот кој го прими ветувањето да сврзува и разрешува, кое последично им е дадено на сите апостоли; а и тој бил оној кој се одрекол од Христос и повторно се вратил на апостолството. Наговестувајќи му ја на Петар кулминацијата на неговата апостолска проповед, кога го врати на апостолскиот позив, Господ му ја откри суштината на апостолската проповед. Проповедта на Божјите зборови, не само усно, туку и со лишувања, страдања и смрт го установија следењето на Христос и продолжувањето на Неговите дела. Апостолот Петар, како најревносен од сите и како оној кој тежнееше да биде пред другите со збор и на дело, со својот пример ги предизвика и другите апостоли. Според тоа, пред сѐ, Христос нему му се обраќа. Тој оди пред другите апостоли, станувајќи нивен „водач“, оној кому ќе му биде доверена проповедта меѓу Евреите, додека апостолот на незнабожците бил оној кој е обратен подоцна, нешто помалку ревносниот Павле. Овие двајца апостоли биле „водачи“ во чинот апостолски. Немајќи власт над другите, тие двајцата стоеле пред сите останати, со својата топла ревност и напор. Нивниот живот бил најсјаен и бил образ на животот и трудот кај сите апостоли. Крајот на нивните земени напори бил посебно впечатлив, благодарејќи на фактот што тој се случил пред очите на целиот свет. Едниот од нив (Петар) бил распнат наопаку, а другиот (Павле) бил обезглавен; двајцата во Рим, кон кој во тоа време, биле вперени сите погледи. Веста за ова брзо се раширила до сите краеви на вселената, уште повеќе бидејќи двајцата биле лично познати на многу места; нивните имиња биле секаде каде што бил проповедан Спасителот. Апостолот на Евреите и апостолот на незнабожците отишле кај Христос во ист ден, како да ја предвестувале нивната еднаква близина со Господ и единството на Христовата Црква, каде нема ниту Грк, ни Евреин. Според тоа, денот кога земните трудови се завршиле за „водачите на апостолите, кои се труделе повеќе од сите“, кои „одвоено со телото, а заедно со духот“, станале едно во деновите на целата Црква. Празникот на светите апостоли Петар и Павле го предвестува уделот на светите апостоли овде на земјата и ја открива славата која ја наследиле. Земниот придонес на апостолите бил да одат низ народите, проповедајќи го небесното Царство, угледувајќи се на Христа со својата сиромаштија, трпењето на нечесните дела и страдањата, со својата љубов за децата на небесниот Отец, нивните внатрешни маки за раѓање на оние кои ја слушале нивната проповед и нивната тага над оние кои не обрнувале внимание на нивните зборови и конечно, нудејќи се себеси за жртва. Меѓутоа, врвот на нивниот земен живот е почеток на нивната небесна слава. Нивниот крај за нив е кинење на јаремот и влез кај Христос, Кој го љубеле, со цел вечно да останат со Него. Денот на нивниот земен крај е ден на нивното небесно раѓање, крајот на тоа славење е прослава на доаѓањето на идниот век за оние кои Го следеле Христос во овој век, примaње на венците на праведноста, подготвени не само за нив, туку и за оние кои се радуваат на Неговото доаѓање. Со празникот на светите апостоли Петар и Павле, после празникот на слегувањето на Светиот Дух и поврзаноста со него, завршува годишниот циклус на празниците, посветени на земниот живот на Христос и се открива суштината на Неговите ветувања. Како што Раѓањето на Јован Крстител е вовед во Евангелието и почеток на случувањата опишани во него, така и смртта на светите апостоли Петар и Павле е крај на Евaнгелието. Раѓањето на св. Јован Крстител е почеток на проповедта на Новиот Завет на земјата; а денот на светите Апостоли е остварување на Небесата. Свети Јован Шангајски и Санфранциски