Христијанскиот живот (08.08.2012)
Христијанскиот живот, духовниот, значи чистење на внатрешниот живот, душевниот. Од што е извалкан душевниот живот? Тој се валка доброволно и ненамерно. Ненамерно се валка затоа што гледаме и слушаме лоши и грешни нешта. Одиш по патот, гледаш нешто, слушаш, сретнуваш некого и против својата волја се валкаш...
Значи, човекот мора да биде внимателен и кон своите зборови, „а вашиот збор да биде; ‘да, да; не, не“, како што вели Господ, и внимавај на својата уста; внимавај на своите очи и уши, како што вели св. Јован Златоуст: „Кога постиш, не пости само со стомакот“, бидејќи така нема ништо да направиш. Ако постат и твоите очи за да не ги видат непријатните нешта; ако постат ушите за да не ги слушнат лошите зборови, ако постат твоите раце за да не направат срамни дела, нозете за да не одат кон грешни дела. Тогаш пости целото твое битие.
Создади ред во сите форми на човечките манифестации: поради тоа што секоја од нив остава свој отпечаток, помалку или повеќе длабок, на душата на човекот, и понатаму на неговото тело, соодветно на интензитетот, со какви страсти и зло, однадвор се дејствува на нив. Човекот, несвесно, го носи товарот врз себе – христијански или грвовен. А човекот не може да живее со едното и со другото. Тоа е невозможно! Тој не може да биде и со доброто, и со злото. Ако влезе зло, тогаш нема место за доброто. Покајанието, исповедта и подвигот постојат заради христијанинот, за негово внатрешно прочистување и ослободување.
Лошите работи сакаат да имаат власт над човекот и да го поробат. И тој веќе нема сили да се насочи кон својата најважна цел, да се стреми да Го достогне Бог. Тие го оддалечуваат човекот, го менуваат, го водат на разни страни. И тогаш човекот душевно се оптеретува, комплицира и затоа е неопходно да се ослободи од тие внатрешни состојби.
Со подвигот, постот, молитвата, исповедта, човекот малку по малку, со текот на годините, се очистува и ослободува.
Старец Петрониј