За Пресвета Богородица
 
 
 
 
 

За Пресвета Богородица (17.08.2012)

Таа, преку чудесниот Господ, и незнаејќи, до крај, кога всушност ќе роди, ете, Таа прва се исполни со Бог. Прва ја почувствува таа вистина: што значи Господ Христос, што значи тоа кога Бог станува Човек. Во Неа Бог стана Човек. Таа Го роди како Богочовек и прва ја доживеа целата Божја полнота, прва го доживеа рајот, сите блаженства, сите богатства кои Бог му ги носи на светот, го доживеa целото Евангелие на Господ Христос, го доживеа Вечниот Живот, Вечната Вистина, целата Вечна Правда. Таа после Господ е одлика на Вечната Правда, одлика на Вечната Љубов, одлика на Вечниот Живот.

Затоа, затоа Таа секогаш е посредничка помеѓу нас и Господ, Нејзиниот чудесен Син, а наш Бог. Посредничка Која за нас измолува сѐ од Него, сѐ она што Тој како Бог му го дава на човекот, ни измолува Вечен Живот, Вечна Правда, Вечна Вистина, Вечна Љубов, Вечна Радост, сѐ што Нејзиниот чудесен Син, нашиот Господ, раѓајќи Се на овој свет како Богочовек, му го принесува на светот. Затоа ние Ја прославуваме така необично, нежно Ја славиме, и во црковните песни и химни изгледа како Неа да ја славиме повеќе од Господ. Затоа што ни е блиска, бидејќи Таа ги знае нашите неволји и маки. Таа знае што значи да бидеш под гревовите, смртта и ѓаволите, и страстите на овој свет. Затоа ние православните секогаш со вера Ѝ пристапуваме.

Неа, на Нејзиниот чудесен Син, слава и пофалба за сите дарови, вечните подароци кои ни ги дарува нам бедните луѓе, ни ги подарува заради нашата вера, нашите желби, нашите молитви, нашето смирение пред Неа и Нејзиниот Син. Таа секогаш нека нѐ води и раководи по патиштата на нашиот живот, и нека нѐ воведе во небесното Царство, каде Таа, на престолот на славата, вечно царува и владее, заедно со Синот.

Преподобен Јустин Ќелијски