Смирението и борбата
 
 
 
 
 

Смирението и борбата (24.08.2012)

Божјата благодат секогаш му помага на борецот, но тоа не значи дека тој е секогаш во положба на победник; понекогаш, ѕверовите не ги допираат праведниците, но никако не е точно дека никогаш не ги допираат. Она што е важно не е победата или состојбата на победник, туку подвигот и стремежот кон Бога, предаденоста и посветеноста на Него.

Големиот апостол Павле, Го молеше Господ многу пати („три пати“ значи не еднаш, туку многу пати) гласникот на сатаната да се тргне од него, зашто му „пакостеше“, правејќи му некои видови на напади, кои беа тешки и спротивни на неговиот дух. Но Господ го оставаше во таква позиција: „Доста ти е мојата благодат“ (2 Кор. 12, 7-9). Доволна е помошта на благодатта и даровите кои му се обезбедени. Господ сака стремеж од апостолот, борба која ја очистува неговата душа.

„Силата целосно се покажува во слабоста“ (2. Кор. 12, 9). Иако човекот може да се најде во немоќ, тоа воопшто не значи дека тој е напуштен од Господ.

Господ Исус Христос, гледајќи световно, бил во неволја, но кога грешниот свет Го сметал за потполно уништен, Тој реално бил победник над смртта и пеколот.

Господ нам не ни вети положба на победник, како награда за праведноста, туку ни рече: „Во светот ќе имате маки; но не плашете се, зашто Јас го победив светот“ (Јован 16, 33).

Божјата помош е делотворна кога човекот моли за помош од Бога, познавајќи ја немоќта и грешноста на својата природа.

Од таа причина, смирението и стремежот кон Бога се основните добродетели на христијаните.

 

Свети Јован Шангајски и Санфранциски