Духовниот живот е независен од времињата
 
 
 
 
 

Духовниот живот е независен од времињата (02.09.2012)

Ние го имаме Православието, односно, Божјото откровение во Црквата. Тоа откровение, кое ни се дава веќе 2000 години има голема вредност. Тоа го вклучува сведоштвото на Светото Писмо и делата на светите Отци. Ни помага да имаме одреден духовен поглед, одреден закон на духовниот живот. Духовниот живот и неговата цел не се менуваат под влијание на времињата.

И навистина, знаеме дека од времето на првата проповед на Евангелието до сега, од сите краеви на светот, се собираат граѓаните на еден и ист град, за да станат синови на небесното Царство. Сите граѓани на тој град зборуваат на еден јазик, сите се знаат еден со друг, бидејќи проживеале еден ист живот во Православието; поминале низ една и иста борба според законите на духовниот живот.

Светите Отци зборувале за последните времиња како за многу немоќни времиња, кога нема да има толку големи знаци, како оние кои се извршувале во времето на апостолите и од страна на првите монаси во пустината, кога се случувале многу чуда; големите Отци воскреснувале мртви; се случувале многу натприродни јавувања; и тие исти свети Отци тврделе дека ќе дојдат времиња кога таквите чуда ќе престанат, дека пред крајот на светот нема да има ништо слично на нив, дека тие кои ќе одат по патот на спасението, на никој начин нема да се разликуваат од останатите, со исклучок на фактот, што во нив, нема да умре борбата со сите тие искушенија.

Самото едноставно чување на искрите на вистинската христијанска вера не прави чуда, воопшто не прави ништо посебно, но ќе ги направи, ако претрпат до крајот, исто така големите или уште поголемите од тие големи Отци, кои правеле натриродни чуда.

Затоа, во ова наше време, надворешната активност на православните христијани е многу ограничена, очигледно, многу поограничена од порано. Очиглено, така е. И целата таа, внатрешна духовна активност е исто така можна, како и во минатото, за оние кои не сакаат да останат настрана од борбата.

И навистна, ако погледнеме околу себе, гледаме многу впечатливи примери: св. Јован Кронштатски, направи илјадници чуда, многу и поголеми чуда од кој било во историјата на Црквата; св. Нектариј во Грција, смирен човек, презрен заради лошото управување со својата епархија, но чудотворец, особено после упокојувањето; и нашиот Архиепископ Јован (Максимович), кој живееше овде на оваа земја и одеше по неа, не еднаш одеше пешки по четириесет милји (65 км), доаѓајќи до ова место, благословувајќи го, особено благословувајќи го со Курската икона на Божјата Мајка.

И убедени сме, гледајќи во тие луѓе гиганти на духовниот живот, дека е можно, нешто да прават и во овие наши несреќни времиња.

 

Блажен Серафим Роуз († 2 септември 1982 г.)