За исповедта и Литургијата
 
 
 
 
 

За исповедта и Литургијата (05.09.2012)

Убаво исповедајте се. Сфатете дека тоа е Тајна, која нѐ спасува. Бидејќи „што ќе разрешите и Јас ќе разрешам!“ Тајната е втемелена во Светото Писмо, и точка! И гревовите повеќе нема да ти бидат спомнати ни на последниот Суд, ниту на Митарствата. Значи, готово е! Затоа што ако си добро исповедан, почнуваш да истражуваш: лошо зборував, мислев така, направив вака. Почнуваш да се преиспитуваш, отвараш, разоткриваш. Така. Дури и ве молам да ги запишувате гревовите кои сте ги направиле, за да не ги заборавите. Што уште треба да ви кажам? Не го оставајте свештеникот, тој да ве прашува. Тој може да праша, но ти ја знаеш суптилноста на својот грев. Значи, исповедајте се. Затоа што ако си добро исповедан, повеќе не можеш да грешиш, и се надеваш на своето спасение.

 

Литургијата не е човечко дело, мил мој, ниту ангелско, таа е непосредно Божја! Бидејќи не можеш ти да претвораш; Тој е Оној, Кој Е! И ако би било можно да се отворат небесата, дури и покривот над олтарот; ни на небото не би можел да видиш повеќе Светлина и таков поредок како оној што го има во светиот олтар, ниту толку ангели, бидејќи со нас е Христос. Ние дури имаме и една молитва кога го правиме Входот: „И направи, Господи, нашиот вход да биде вход и на ангелите, кои служат со нас!“ Значи, свештеникот има власт, затоа што тие се таму, мноштво ангели! Тоа е Христос!

 

Старец Арсениј Папачок