Слово за духовната борба
 
 
 
 
 

Слово за духовната борба (18.01.2013)

Целта на нашиот живот е да станеме совршени и свети. Да се покажеме како Божји деца и наследници на небесното Царство. Треба да внимаваме, можеби, заради овој живот да не бидеме лишени од идниот, заради животните грижи и вознемиреноста да не ја заборавиме целта на нашиот живот.

Постот, бдеењето и молитвата самите од себе не ги донесуваат посакуваните плодови затоа што тие не се целта на нашиот живот; само служат како средства за постигнување на целта. Украсете ги вашите светилки со добродетели. Борете се за да ги отфрлите страстите на душата. Исчистете ги вашите срца од секоја нечистотија и чувајте ги чисти, за да дојде Господ и да се всели во нив; да ве исполни со Светиот Дух и со Своите Божји дарови.

Деца мои, возљубени, целиот ваш труд и грижа треба да бидат насочени кон тоа. Тоа да ви биде и цел и стремеж. Молитвата кон Бога – тоа.

Секојдневно барајте го Господ; но внатре, во вашите срца, а не некаде надвор од нив. И кога ќе Го најдете, застанете со страв и трепет како херувимите и серафимите, бидејќи вашето срце станало Божји престол. Но за да го пронајдете Господ, смирете се како прав, затоа што Господ  се гнаси од гордите, а ги љуби и посетува оние со смирено срце. Зато и вели: „Но, на кого ќе погледнам? На оној кој е со смирено срце и кој трепери од Моите зборови“.

Бори се во духовната борба и Бог ќе ти даде сили. Борејќи се се сретнуваме со слабости, недостатоци и наши грешки. Борбата е огледало на на нашата духовна состојба. Кој не се борел, не се запознал себеси. Внимавај дури и на малите греши. Ако од невнимание направите грев, не губете надеж, туку брзо станете, помолете Му се на Господ Кој може да ве подигне. Претераната тага во себе крие гордост. Претераните жал и безнадежност се штетни и опасни, и честопати се преувеличуваат од страна на ѓаволот за да се прекине напредокот на оној кој се бори. Во себе имаме слабост и страсти, и длабоко вкоренети мани. Сето тоа не може да се скрши преку колената, ниту со помош на слабостите и тешките таги, туку со трпение и истрајност, храброст, труд и трезвеност.

Патот кој води кон совршенството е долг. Молете Го Бога да ве крепи. Со трпение да ги пресретнете вашите падови, брзо да станете, и да трчате а не да стоите како деца на местото каде што сте паднале, неутешно плачејќи и пискајки.

Бдејте и молете се да не паднете во пропаст. Не очајувајте ако често паѓате во старите гревови. Многу од нив се јаки по природа и навика. Меѓутоа, со време и со трудољубивост се победуваат. Нешто нека нѐ ве фрла во безнадежност.

 

Св. Нектариј Егински