За трпението (28.01.2013)
Многу работи нѐ нажалуваат, чедо мое, но блажен е оној кој со трпение и благодарење ќе помине низ маките на овој привремен живот. Да, должни сме да Му благодариме на Бог, Кој со посредство на маките ги подготвува нашите бесмртни души да станат наследнички на вечните добра на небесното Царство!
Тие нѐ казнуваат неколку дена според нашите сили, а Господ заради наша полза, за да заедничариме во Неговата Светлина. Со посредство на различни маки, Тој кај нас ја донесува бескрајната и вечна слава.
Заради тоа, не е потребно ниту корисно да очајуваме кога Господ нѐ казнува. Напротив, на секоја душа ќе ѝ е од полза да биде совршено послушна на Лекарот на нашите души и тела, Кој во времето на најразлични маки ги оперира невидливите душевни рани кај секој од нас, имајќи ја светата цел да ни подари (духовно) здравје, односно чистење на срцето од недостојните страсти.
Неотстапно сме должни на Тој семудар духовен Лекар да Му принесуваме непрестајно благодарење преку своите дела, наместо да Го нажалуваме со какви било грешки.
Сите светители, во својот живот поминале низ многу маки, и покрај фактот дека гревот немал никакво право да ги нажали. И покрај тоа, нивниот живот често бил вистинско мачеништво. Какво оправдување ќе му понудиме ние, кои сме паднале во многу гревови и кои сме обземени од нив, кога за себе го бараме правото низ овој живот да поминеме без маки и страдање? Сосем е извесно дека сме одговорни за гревот и, според тоа, потребен ни е камшикот на спасоносната Божја казна, за да ја имаме таа среќа, благодарејќи на милосрдноста на нашиот човекољубив Бог да бидеме спасени во небесното Царство.
Преку Неговите чести посети, исто како и преку твоето силно трпение и според твојата напрестајна благодарност кон големиот Лекар, знам, чедо мое, колку Бог те сака.
Старец Паисиј Светогорец