За обожението
 
 
 
 
 

За обожението (07.02.2013)

На Ликот (Образот, односно Бога) да Му го дадеме создаденото според Ликот, да го спознаеме своето достоинство, да Го почитуваме Прволикот, да ја разбереме силата на Тајните; и тоа за кого умре Христос. Да станеме како Христос, зашто и Тој стана како нас; благодарејќи Му да станеме богови, затоа што и Тој стана човек како нас. Тој го прими лошото за да ни даде подобро; осиромаши за ние да се збогатиме со Неговата сиромаштија; прими изглед на слуга за ние да добиеме слобода; се спушти за ние да се качиме; беше искушуван за ние да победиме; беше обесчестен за ние да се прославиме; умре за ние да се спасиме... Човекот нека даде сѐ, сите плодови како дар на Оној Кој Себеси се даде како откуп и размена; ниеден дар не се споредува со тоа, човекот самиот да Му се дарува на Бога, познавајќи ја силата на Тајните и заради Христос станувајќи сѐ она што Тој стана заради нас.

 

 

По патишта тесни и тешки, преку тесна

И за многу непроодна врата, во славна придружба

Христос ме води кон Бога, мене – богот, од земја создадениот

Мене, кој од смртен станав бесмртен.

Заедно со големиот Божји образ, Тој го привлекува и телото, мојот помошник,

Слично како што каменот магнет го привлекува црното железо.

 

 

Ние, со големите Божји и пророчки книги

И помошта на боговдахнатите ученици на Христос Застапникот,

Умот кој беше изострен со Духот светлозрачен

И кој со чистото срце големиот Бог Го виде,

Бидејќи тоа е единствениот начин да се сфати невидливото Божество,

Ние го познавме Божјото, станавме богопросветлени, сѐ повеќе стремејќи се,

Колку што е можно за минливите суштества, во овој живот да се возвисат кон Бога.

Затоа што, не е лесно со очите да се види низ облак,

Дури и за најостриот вид.

Но ќе стане можно, само подоцна,

Бидејќи наградата за желбата се содржи во достигнувањето на посакуваното.

 

Свети Григориј Богослов