Поуки (13.02.2013)
Без Божјата љубов ние немаме полза од ништо, дури и ако ги поседуваме сите останати дарови на Светиот Дух.
Како што разбојниците се кријат на скришни места за да го ограбат минувачот, така и ѓаволот се крие во задоволствата за да ја совлада нашата душа.
Најлошиот вид на користољубие е да не им се дава на оние кои живеат во беда од она што може да пропадне.
Не треба да се биде радознал за она што не се однесува на вас.
Не сонувај непостоечки работи, туку добро организирај го постоечкото, за општо добро.
Св. Василиј Велики
Себеси најдобро се познава оној кој за самиот себе мисли дека е ништо.
Вистинската вера не ни е од полза ако животот е расипан.
Кога нашиот труд е отсутен тогаш и Божјата помош престанува.
Ако ние ги заборавиме нашите браќа тогаш не треба да очекуваме дека Господ ќе се сети на нас.
Твојот дом направи го црква, затоа што и ти ќе одговараш за душите на твоите деца и сите оние кои живеат во него.
Св. Јован Златоуст
Никогаш не работи нешто нечесно, дури тоа и да им се допаѓа на многумина, и не го оставај доброто дело, дури и да им е одвратно на блудните.
Најлесно е да се мамиш самиот себе и да се гордееш со пустата слава, сметајќи се за некој, а притоа да си ништо.
Не ѝ биди наклонет на среќата, која со текот на времето исчезнува, затоа што времето гради, но времето и разурнува.
Сеќавањето (молитвата) на Бога е попотребно од дишењето.
Неважното не е несуштествено, кога последиците се значајни.
Св. Григориј Богослов