Поуки
 
 
 
 
 

Поуки (27.02.2013)

Човеку, не се прилепувај за човечките обичаи, туку внимавај на Божјите заповеди! Како што Бог тебе те создал од земја и дух, така и сите нас. Затоа гледај во земјата и не биди горделив!

Христовиот закон ја покажува острината на духовниот живот, но потоа принесува стократен плод во вечните домови.

Философијата му помага на човекот да ги разбере Божјите и човечките работи, и да се научи на дело да биде образ и подобие на својот Творец, и колку е можно, да се приближи до Бога.

Јас немам потреба од ништо друго освен од учењето, со кое го собирам разумот, за да ги побарам честа и богатството на својот праотец Адам.

Бидејќи е Творец на сѐ, Тој помеѓу ангелите и животните го создал човекот, кого го одвоил од животните со дарот на словото и мислата, а од ангелите со гневот и телесната страст. И кон што тој повеќе се приближува, така се приопштува кон пониските или кон повисоките.

Бог рекол: „Молете се за оние кои ве навредуваат“, но Тој уште рекол: „Нема поголема љубов од тоа, да се положи душата за своите пријатели“. Тоа го правиме заради нашите пријатели, за да не им бидат заробени и душите, заедно со нивните тела.

Зарем не грешат оние кои велат: „Бог не може да се објави во човекот“, кога Тој беше во капина, во бура, и во чад, кога им се јави на Мојсеј и Јов? Како е можно, еден да боледува, а друг да лекуваат? Откако човечкиот род паднал во неприродна смрт, од кој друг би ја добил својата обнова, ако не од Самиот Творец? Одговорете ми! И ако лекарот, сакајќи да стави облога на болниот, ја стави на дрво или камен, дали со тоа ќе направи да оздраве? И како Мојсеј, преку Светиот Дух со кренати раце кон небото, во својата молитва вели: „дарежлив Господи, повеќе не ни се јавувај во гром и во трубни гласови, туку всели се во нас и прости ни ги гревовите?!  

Ние се бориме за Бог, во Чии раце е сѐ, вклучително и нашите срца.

На овој свет нема ништо послатко за мене од тоа, да живеам или да умрам за Света Троица.

 

Свети Кирил Солунски