За Божјиот оган (06.03.2013)
Посакувајќи го нашето спасение, Тој вели: „Јас дојдов да фрлам оган на земјата“ (Лука 12, 49), Оној Кој посака милосрдие, жедниот стана предмет на жедта, Самиот во Себе се заколна: „Јас не је сакам смртта на грешникот, туку грешникот да се обрати од својот пат и да остане жив“ (Јез. 33, 11). Спасителот дојде да фрли оган на земјата, што ја создаде со Своите раце и ја освети со Божјиот здив. Спасителот дојде да фрли огин на неа (на човекот) и повторно да ја поттикне слободна волја на човекот, којашто беше почитувана од Него уште од самиот почеток, но беше одземена и поробена од страстите, кои предизвикуваат зла и измами. Спасителот дојде да фрли оган на неа, огин кој просветлува, животворниот, оганот на богопознанието, истребувачот на трнливите страсти, градинарот на благочестивите семиња, искорнувачот на сѐ противприродно, но насадителот и одгледувачот на соодветните на благата природа благочестиви семиња; како што човекот доброволно, преку измамата и самоволите ги навлече на себе непослушанието и неприродната смрт, така повторно, ослободувајќи се од заблудите, го препозна потребното и се приопшти кон Бога преку исповедта и стремежот кон Него.
Тој Божествен и просветлителен оган Господ го распали и во Лазар, за спасение на Израилот, давајќи му достоен доказ за да поверува. „Зашто знаците не се за верните, туку за оние кои не поверувале“ (1 Кор. 14, 22); секогаш се даваат знаци за да се поттикне спасението. Така, кога тие се противеле на Вистината, Тој преку Својата семоќ, објавува за Себе дека е неприкосновен Бог, кога на едно место вели: „макар што Мене не ми верувате, на делата Мои поверувајте им, за да разберете и поверувате дека Отецот е во Мене и Јас сум во Него“ (Јован 10, 38), односно, како што сјајот на сонцето и сонцето во зракот се неразделни и неизменети, заради едносушноста и еднаквоста; и на друго место: „Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот“ (Јован 14, 8); „по плодот се познава дрвото“ (Матеј 12, 33; Лука 6, 44); и повторно: „Јас и Отецот сме едно“ (Јован 10, 30), укажува на истата чест и еднаквост.
Свети Евстатиј, архиепископ Антиохиски