Божјото вопитување
 
 
 
 
 

Божјото вопитување (10.04.2013)

Колку човекот губи кога ќе заборави на своето восиновување и кога не сфаќа дека Бог го казнува како Свој син! Вистинските родители поради љубовта апсолутно и неминовно строго ги воспитуваат своите деца. Бидејќи Бог е нашиот Отец, и Тој се грижи Своите деца да ги воспита и направи причесници на Својата Светлина.

Сине мој, не ги отфрлувај Господовите лекции, и немој да ти здосади Неговото карање. Големо зло е кога христијаните ќе Го заборават својот сопствен Отец, Бог. Кога ќе ги удри Отечкиот стап (страдањето, тагата, искушението и сл.), тие очајуваат, стануваат победени од безбројните помисли, а нивното растење станува многу мачно и лишено од утеха.

Колку убаво ни кажува апостолот Павле: „Ја заборавивме“, вели тој, „утешната поука што Бог ни ја даде како на Свои синови“.

Неизбежно е Бог да ги воспитува Своите сопствени деца. Бог нема миленици и Него не може да Го надвладее нездрава љубов, каква што често безумните родители покажуваат кон своите деца. Таквата нездрава љубов подоцна често предизвикува пропаст и вечно казнување на оние кои „сакале“. Бидејќи е бестрасен и Свет, Бог не ги занемарува грешките на Своите љубени чеда и не го запоставува нивното воспитување, затоа што не сака да ги растажува. Не, и по илјада пати, не! Тој е Бог и вистински ги љуби Своите чеда. Тој ќе ги казнува, Тој ќе ги советува, Тој на различни начини ќе ги моли за нивните лоши навики да ги преобрази во Свои свети особини, во слава и пофалба на Исус Христос.

Дури и Исус Христос, љубеното чедо на Отецот, бил искушуван во Божјото воспитување додека претстојувал на земјата, но не затоа што тоа Нему, на безгрешниот Бог Му било потребно, туку затоа што тоа било потребно заради човечкото спасение, заради наше предупредување и пример, за и ние да можеме да го следиме Неговите стапки: „Отец, ако е можно нека Ме одмине оваа чаша, но не како што сакам Јас, туку како што сакаш Ти“.

 

Свети Теофан Затворник