Поуки
 
 
 
 
 

Поуки (12.04.2013)

Демоните често имаат навика да нѐ советуваат воопшто да не се исповедаме, или да се исповедаме во трето лице, или вината за својот сопствен грев да ја префрламе на други. На исповед биди и по надворешниот изглед и во длабочината на душата како осуденик: ако е можно со солзи натопи ги нозете на отецот, како да се Христови. Нека не те опрелестува духот на гордоста: немој да ги кажуваш своите гревови во трето лице. Зашто, без срам не може да се ослободиме од срамот. Слободно покажи ја својата повреда на лекарот. Не се срами, речи: „Тоа е моја рана, отец. Тоа е мојата лузна. Никој друг не ја направи туку мојата сопствена лесноумност. Никој друг не е виновен – ни човек, ни дух, ниту тело, ниту нешто друго – единствено мојата невнимателност“. Св. Јован Крстител од оние кои доаѓале кај него барал пред крштевањето да се исповедаат. Не затоа што му била потребна нивната исповед, туку затоа што се грижел за нивното спасение.

 

Покајанието е обнова на Крштението. Покајанието е договор со Бог дека ќе се води еден нов живот. Покајанието е извор на смирението. Тоа е неотповикливо одрекување од секоја желба за телесни добра. Покајанието е самоосудна мисла и грижа за себе, без грижа за споредните работи. Тоа е ќерка на надежта, откажување од безнадежноста.

 

Човекот што вистински полага сметка со својата совест, го смета за изгубен секој оној ден во кој не плачел, дури и ако тој ден направил не знам какви добри дела.

 

Како што водата може да ги избрише буквите, така и солзите можат да ги избришат гревовите.

 

Свети Јован Лествичник