За семејствата (05.06.2013)
Кај нас семјството е растурено поради случувањата и појавите на 20 век. На пример, еманципацијата: жената остварува многу посериозна мисија во општеството, отколку мажот... Испаѓа дека во нашата земја жената стои настрана од своите основни функции, мисија, и се изедначила со мажот... семејството страда заради тоа.
Луѓето почнаа да бараат нешто друго. Тие не сакаат семејство, бараат минливи задоволства, и во суштина, стануваат деформирани, некомплетни. Многу се родени од такви луѓе. Пораснати се во некомпетентни семејства, родителите им биле разведени. Денес практично и да нема семејство со повеќе деца, детето расте само. Него го воспитуваат општествените институции, а нормалната родителска љубов, нормалните семејни односи тој не може да ги види. Таквото дете расте несоодветно. Кога постоеле многучлени семејства, децата во нив растеле така што уште од мали стекнувале некое искуство од животот во заедница, се учеле да се трпат едни со други, да простуваат и да сакаат, во семејна атмосфера. Тоа е нормално и природно.
Детето што пораснало само, воспитувано од еден родител, и не толку од него (кој е оптеретен со своите обврски) колку од улицата и детските установи, е неспособно да ги изрази вистинските односи со луѓето. Тоа е непотполно, тие луѓе се лишени од некои работи, а бараат само задоволство, комфор, лесен живот, бегаат од тешкотиите.
Сите сакаат што поудобно и полесно да го проживеат животот, никој да не ги „оптеретува“. Децата им пречат на таквите луѓе, бебињата ноќе плачат и не им дозволуваат да спијат, а младите, тинејџерите – тоа е вистинска главоболка; сите сакаат само позитивни емоции (вибрации) и ниту една негативна. Луѓето бегаат од тешкотиите, а тие пак, ги стигнуваат...
Господ страдаше за нас, Тој го даде Својот живот за нас на Крстот, ни ги даде Своите Тело и Крв, и ни даде заповеди: „Љуби Го Господ, својот Бог, со целото свое срце...“ Бракот станува цел самиот за себе, а Небесното Царство почнува уште на земјата, но ние не се спасуваме, туку гинеме. Луѓето се обидуваат да ја потполнат празнината во своето срце со сѐ што наоѓаат на земјата – утехи, науки, пари, власт, но несреќни се и лошо им е. Убавината на Небесното Царство ги надминува сите земни убавини и уметности, а власта и моќта на тоа Царство е посилна од сите императори и претседатели. Неговото богатство е поголемо од богатството на сите милијардери – „Моја е вселената и сѐ што е во неа“.
Схи-јеромонах Валентин
Донски манастир