Во духовниот живот (борба) има три степени: чистење, просветлување и обожение
 
 
 
 
 

Во духовниот живот (борба) има три степени: чистење, просветлување и обожение (26.07.2013)

Чистењето (на срцето) може да се спореди со ноќта, кога целото небо е исполнето со ѕвезди. Кога маглата и облаците ќе се оддалечат ние имаме убав преглед на работите, и продолжуваме понатаму. Вториот степен е полната месечина. Третиот настапува кога ќе изгрее сонцето.

Ѕвездите - оние што се исчистени со помош на Божјата благодат сега треперат и светкаат на небото. Тие светат благодарение на Христовата Светлина. Полната месечина (иако оваа споредба целосно не ја изразува Нејзината големина) е Пресвета Богородица. Пречистата Дева, исто така, била човек, а тоа е можност да се спореди Месечината со ѕвездите. Богородица е Мајка на Светлината. Таа била небото од кое изгреало Сонцето на правдата. Првата Ева нѐ пренела од состојбата на просветлување во темнината на страстите. После направениот грев, Бог му рекол на Адам: „Со пот од твоето лице ќе јадеш леб“, а на Ева: „Со болки ќе раѓаш деца“. На змијата, пак, ѝ открил дека потомците на Ева, која била измамена, „ќе ѝ ја газат главата, а таа ќе ги каснува на петата“.

Размислете за ова! Уште во рајот, пред луѓето да бидат протерани, се открива името на Пресвета Богородица. И мноштво луѓе низ вековите чекале да се остварат тие зборови. Поминале седумдесет и седум поколенија. Конечно, се појавила Мајката на Светлината, од Која се родило Соцето на правдата.

Значи, ако ја споредиме светлината кај Ѕвездите, Месечината и Сонцето, ќе ја видиме разликата. Така може да се почувствува и квалитативната промена кај човекот. Овие состојби се очигледни и нема потреба од дополнително објаснување.

Старец Лука Филотејски