Нашиот живот секој ден се повторува (29.07.2013)
Иако нашиот дух во секој момент е подготвен да донесе нова одлука и има добри намери, телото е слабо. И не само телото. Покрај телото ние мораме да се соочиме и со нашата природа, навиките, местата, луѓето, дури и со ѓаволот. Сѐ што ни преостанува е нашата добра намера и тајното делување на Божјата благодат, која е семоќна. Теоретски, сето ова е лесно, но во пракса е тешко, како што сите знаеме од нашето искуство. Секое утро почнуваме од почеток. Ние одлучуваме дека од сега, па натаму, нема да им подлегнуваме на нашите страсти. Во ред. Но, со ова страстите ниту се воопштени, ниту избркани и нема да нѐ напуштат кога ќе им го заповедаме тоа. За да нѐ остават, ние мораме да водиме страшна борба. Тоа може да се постигне тогаш кога Божјата благодат ќе победи, а не човекот. Страстите се надвор од нашата човечка природа. Не можеме да ги дофатиме, ниту можеме да ги контролираме. Само благодатта може да ги протера и да ги привлече добродетелите. Кога? Тогаш кога ќе покажеме упорност.
Кога ќе одлучиме и сакаме да бидеме спасени, ние се бориме за да се ослободиме од нашите старасти и вистински сакаме благодатта на Светиот Дух да живее во нас и да ни покаже што да правиме. Нашиот Исус рекол: „Барајте го најнапред небесното Царство, а сето останато ќе ви биде дадено“. Ако одиме по правиот пат ќе постигнеме повеќе отколку што мислиме. Значи, мора да истаеме, дури и ако сме пробале илјада пати и не ни успеало. Не треба да мислите дека нешто не е како што треба. Ниту ние сме ги смениле нашите намери, ниту Бог се променил, а очигледно нити ѓаволот. Зборовите „барајте и ќе ви се даде“ се генијални. Ако сме прашале, ќе ни се одговори; ако сме барале, ќе најдеме; ако сме тропнале, ќе ни биде отворено. Дали е можно Сонцето да не изгрее од исток? Дали е можно, за нас слабите, да не паднеме?
Не е случајно тоа што Бог нѐ повикал да Го следиме. Кој нѐ доведе до тука? Кој ни даде сили да се откажеме од природата, да станеме предмет за потсмев и да бидеме протерани? И не само тоа, ние, исто така, внимаваме да не ја изгубиме самоконтролата: дали сме спиеле подолго отколку што треба, или сме биле непослушни! Ние не се грижиме за ова кога благодатта на Светиот Дух живее во нас и не известува за сѐ. Ова е вистината. Ова не се само зборови кои мудруваат. Го имаме доказот за милоста на нашиот Господ Исус Христос во нашите раце.
Старец Јосиф Ватопедски