Знаете ли вие Која е Божјата Мајка?
 
 
 
 
 

Знаете ли вие Која е Божјата Мајка? (27.08.2013)

Таа е Царица на херувимите, Царица на секое создание, место на воплотувањето на Бог Словото, врата на Светлината, затоа што непристапната Светлина преку Неа дошла во светот. Таа е врата на Животот.

Божјата Мајка е лествица кон небото; гулабица која го запрела потопот од гревови, како што Ноевата гулабица го потврдила крајот на потопот. Таа е Божја кадилница, бидејќи го примила Божјиот оган, и црква е на Пресветиот Дух. Божјата Мајка е Невеста на Отецот, Мајка на Слобото и Црква на Светиот Дух.

Кога ќе видиш икона на Божјата Мајка со Младенецот Христос во нејзината прегратка, знаеш ли што гледаш? Небо на земјата. Небото е Христос, Наднебесниот, Создателот на небото и земјата. А Божјата Мајка ја претставува земјата, односно сите народи на земјата, зашто Таа е од нашиот род. Од царскиот и архиерејски род.

Рацете на Божјата Мајка се многу посилни од рамењата на херувимите и преблажените престоли. Значи, Кого Марија Дева Го држи во прегратката? Знаете ли Кого? Оној што ги создал небото и земјата и сѐ видливо и невидливо.

Знаете ли вие Која е Божјата Мајка и колку чест, колку сила и колку милост има Таа? Таа е наша Мајка, затоа што има милост и кон сираците, и кон вдовиците, кон сите христијани. Секогаш се моли на својот Син за сите нас.

Знаете ли вие колку може Божјата Мајка пред престолот на Пресвета Троица?

Имате ли вие дома икона од Божјата Мајка? А кандило пред неа, имате ли? ... Имајте Ја за заштитничка и за помошничка, Мајката на небото и земјата! Царицата на небото и земјата!

Старец Клеопа