За Светата Тајна Причест
 
 
 
 
 

За Светата Тајна Причест (31.08.2013)

О, каква голема среќа! Господ влегува во грешната душа и го лечи секое беззаконие во неа, и таа станува Божји дом. Значи, Спасителот ни оставил завет да служиме Литургија и да ги примаме Неговите животворни Тело и Крв. Литургијата е чудесен дар од Исус Христос. Литургијата е мост преку кој може да се премине во вечниот живот. Запамтете, тое е завет од Исус Христос! Следете го овој златен мост кој ќе ве спаси од адската пропаст. Љубени, не ги слушајте оние луѓе што бегаат од Спасителната чаша. Тие се несреќни, заблудени, тажни луѓе, далечни од Христовите реки, кои пропаѓаат во пропаст. Драги мои, сакајте ја Божествената Литургија, сметајте ги за изгубени деновите од животот кога не сте можеле да присуствувате на неа, особено за големите празници. Св. Јован Златоуст вели дека Божествената Литургија навистина е голем и чудесен дар; Божјите ангели ни завидуваат нам, луѓето, на кои им е дадена среќата – примање на Божјите Тело и Крв.

Господ, со Кого секојдневно се соединувам преку Светата Тајна Причест, ме прави силен. Каде на друго место би можел да соберам сили за постојаниот напор, со кој се обидувам да служам во слава на Неговото свето име и за спасение на своите ближни.

Човеку, ќе те прашам, дали ти чувствуваш духовна глад и жед за натприродниот клас и зрно, дводелните, природно-животните – Телото и Крвта на Христос Животодавецот, вистинскиот небесен Леб, Кој му дава живот на светот? Ако не ја чувствуваш таа спасоносна глад, тогаш тоа значи дека си духовно мртов. Здравиот човек или оној што почнува да оздравува, природно чувствува глад и жед. Колку само такви мртовци има во Русија, во Православната Црква, кои не ја чувствуваат таа спасоносна жед. Крајна темнина! Безброј интелектуалци воопшто не се причестуваат, повеќето луѓе пристапуваат многу ретко, многумина само еднаш во годината. А Господ секојдневно повикува: „Примете, јадете... сите“.

Свети Јован Кронштатски