За Светата Тајна Причест
 
 
 
 
 

За Светата Тајна Причест (29.09.2013)

Како би можеле да го исчистат својот ум, да го просветлат разумот, како да ги украсат сите душевни сили ако не се причестуваат со Господовите Тело и Крв, кои претставуваат вистинско очистување, вистинска убавина, осветување и благородност на душата?

Таа Крв го прави сјаен ликот на нашата душа, раѓа неопислива убавина, не дозволува благородноста да свене во душата, оросувајќи ја и хранејќи ја постојано. Таа Крв, која достојно се прима, ги брка демоните подалеку од нас, а ангелите ги привлекува заедно со нивниот Владика. Бидејќи, лошите духови бегаат кога ќе ја видат Владичката Крв, а ангелите се собираат. Таа е спасение за нашите души, душата ѝ се радува и се украсува со неа. Таа го прави посветол нашиот ум и ја прави нашата душа почиста од златото. Оние што се причестуваат од таа Крв стојат заедно со ангелите и небесните сили, се облекуваат во иста царска облека и имаат духовно оружје. Меѓутоа, јас не го истакнав она што е највредно: оние што се причестуваат се облекуваат во Самиот Цар.

Единствената душевна болка што треба да биде присутна во нас е: зошто не се причестивме со таа Храна?

Дејството на таа Тајна доаѓа од Оној што тогаш, онаа ноќ, ја изврши, и денес ја отслужува. Ние сме сослужители, но Даровите ги осветува и претвора Самиот Христос. Да нема ниту еден Јуда. Ако некој не е Христов ученик, нека се оддалечи; Трпезата не им дозволува на оние што не се такви да пријдат. „Со Своите ученици“, вели Христос, „ќе ја прославам Пасхата“. Станува збор за истата таа Трпеза (Тајната Вечера).

Свети Јован Златоуст