Ве повикувам кон многу повисок лет (13.12.2013)
(повик до своите ученици да ја отфрлат слепата приврзаност кон духот на нивното време и да започнат да работат за Христос)
Ве повикувам кон многу повисок лет, кон целосна самопожртвуваност, кон акт на смелост (храброст), кои го повикуваат на предизвикувачка средба здравиот разум. Ве повикувам кон Бога, кон Тој, Кој го надживеа светот за да можете да го спознаете бескрајниот рај на духовната радост, рајот, кој вие го барате прпелајќи се во вашиот личен пекол и во состојбата на неосознаен бунт...
Исус секогаш ве љубел, а вие сега имате можност да изберете дали ќе одговорите на Неговиот повик. Одговарајќи, вие ја прифаќате жрепката да одите и принесете плод, кој ќе се зачува; да бидете пророци на Христос во светот, во кој живеете; да го љубите својот ближен како самите себеси и сите луѓе да ги направите свои пријатели. Со секој чекор да ја објавувате единствената и безгранична љубов, која го вознесува човекот од позицијата на роб до стадиум на Божји пријател; за да бидете пророци на таа ослободителна љубов, која спасува од сите окови, враќајќи ви ја вашата целовитост од мигот кога ќе Му се принесете себеси на Бога.
Христовата Црква е жива и слободна. Во неа ние се движиме и постоиме преку Христос, Кој е нејзината Глава. Во Него ние имаме целосна слобода. Во Црквата ние ја спознаваме Вистината, а „Вистината ќе нѐ направи слободни“.
Вие сте во Христовата Црква секогаш кога подигате човек скршен од болка, кога давате милостина на сиромашните, кога посетувате болен. Вие сте во Христовата Црква кога се молите: „Господи, помилуј ме!“ Вие сте во Христовата Црква кога сте добри и трпеливи, кога не се гневите на својот брат, иако тој ги повредил вашите чувства. Вие сте во Христовата Црква кога се молите: „Господи, прости му!“ Кога чесно се трудите во работата и дома се враќате изморени, но насмеани; кога за злото враќате со љубов - вие сте во Христовата Црква. Зар, млад пријателе, не гледаш колку е блиску Христовата Црква? Ти си Петар и Бог ја ѕида Својата Црквa врз тебе. Ти си каменот од Неговата Црква, кој од ништо не може да биде совладан... Со нашата вера да изградиме храмови, храмови кои никава човечка сила нема да може да ги сруши, храмови на Црквата, чија основа е Христос... Сочувствувај со братот до тебе! Никогаш не прашувај: „Кој е тој?“ Подобро речи: „Тој не е странец (туѓ), туку мој брат. Тој е камен од Христовата Црква, како што сум и јас“.
Старец Георги Калчу