За трпението и смирението (14.02.2014)
Што и да ни се случи, секогаш треба да трпиме, заради Бога, со благодарност.
Нашиот живот е една минута во споредба со вечноста, и затоа „сегашнте страдањата не се ништо во споредба со славата која ќе ни се открие“ (Рим. 8, 18).
Кога непријателот ќе те натажи, поднесувај молчејќи, и Господ ќе се открие во твоето срце.
Кога некој ти ја повредува честа или ти ја скратува, труди се на сите можни начини да му простиш, според зборовите од Евангелието: „не барај да ти врати оној што зема од тебе“ (Лука 6, 30).
Кога луѓето нѐ омаловажуваат треба да се сметаме како недостојни за пофалби. Кога би биле достојни, сите би ни се поклонувале.
Ние, секогаш и пред секого треба да се покоруваме следејќи ја поуката на св. Исаак Сирин: „Покори се и ќе ја видиш Божјата слава во себе“.
Затоа, да го засакаме смирението, и ќе ја видиме Божјата слава. Бидејќи, таму каде што се точи смирението, тече и Божјата слава.
Да ја нема светлината сѐ ќе биде темно: исто е и без смирението – тогаш во човекот нема ништо освен темнина.
Свети Серафим Саровски