Крстот и современиот свет
 
 
 
 
 

Крстот и современиот свет (23.02.2014)

Живееме во еден свет во кој доминира духот на непријателството кон крстот. Во свет кој за свој идеал го има самољубието, кој е без морал, во кој е најважно да се задоволат страстите, да се живее удобно.

Овој свет не сака ништо да чуе за воздржувањето, за господарењето над страстите, за пожртвуваноста, постот, аскезата. Во суштина, го отфрла крстот и затоа не се сретнува со Христос. Останува во распадливоста и смртта, во досадата и празнотијата. Се забавува, но не се радува.

...

Овој свет, кој го отфрла Христовиот крст, денес мора да се соочи (сретне) со немилосрдните удари кои се последица на неговиот антихристов став: сида, наркоманија, еколошка катастрофа.

А решението не е таму каде што се мисли дека е, односно во преземањето одредени заштитни средства. Тие се корисни, но не се доволни. Вистинското решение е единствено покајанието.

...

Преку љубовта се сораспнуваме со Христос, а со егоизмот Го распнуваме Него, стануваме непријатели на Христовиот крст.

...

Така, бидејќи маловерни, ја запоставуваат благодатта, моќта и Божјата заштита за сите што ги исполнуваат Неговите заповеди.

...

Ако антихристот војува против Христос, тоа го прави затоа што Христос е Христос распнатиот, а тоа значи и воскреснатиот. Антихристот, како лажен месија и лажен пророк на луѓето им ветува земјен рај, спас без крстот. Но како може да постои рај без љубов и љубов без самоодрекување. Бунтот против егоизмот е најрадикалниот бунт во светот.

 

Старец Георгиј Капсанис