Мораме од срце сѐ да простиме
 
 
 
 
 

Мораме од срце сѐ да простиме (02.03.2014)

Внатрешниот мир не може да се сочува доколку нашата совест нешто изобличува. Мораме да ја смириме совеста. Треба на сите да им простиме од срце. Без тоа нема внатрешен мир.

Господ ќе даде благодат. Тоа е Божјата сила која дејствува секаде, а особено во душите кои Го бараат Господ, Изворот на животот. Божјиот мир се сее насекаде.

Во Стариот Завет пишува: „Сине, дај ми го своето срце“. Господ им е единствената утеха и на ангелите и на светиите, и на сите кои Го бараат. Тој е единствениот Бесконечен.

Срцето треба да се подготви за во Светата Причест да се соедини со Господ. Постот е потребен за смирување на телото, затоа што кога телото ќе се смири, ќе се смири и душата. Црквата укажала како треба да се пости. Срцето треба да се подготви. Ние може ништо да не јадеме, а срцето да ни е злобно и пакосно. Како да се причестиме кога не поднесуваме поединци? Ќе се причестиме, но не за спасение, бидејќи ги задржавме пеколните особини, кои се лоши.

Постот е подготовка за смиреното срце. Светите Отци велат: „Оној што не е послушен залудно пости и се моли. Послушанието е поголемо од постот и молитвата. Кога бев млад не го разбирав овој совет од светите Отци, но подоцна сфатив дека е точен. Кој нема да го смири срцето и нема да го очисти од злите мисли, залудно пости.

Господ целиот е мир, целиот радост. Треба да го подготвиме срцето да биде кротко, смирено, во спротивно ќе се причестиме за осуда, а не за спасение. Затоа се молиме: Причеста да не ни биде за суд, туку за спасение.

Старец Тадеј