Божјата Светлина е вечен живот, Божјо Царство (24.04.2014)
Бог дејствува, а човекот прима. Тој тогаш не знае ни за време, ни за простор, ни за раѓање, ни за смрт, ни за пол, ни за возраст, ниту пак за социјална и хиерархиска положба, ниту за какви било други услови и односи поврзани со овоземниот живот.
Дојде Господ, беспочетниот Началник и Светлина на животот за милостиво да ја посети душата која се кае.
Ако молитвата на човекот за првпат преминува во гледање на несоздадената Светлина, тоа што тогаш го согледува и доживува за него е нешто потполно ново и необично, и тој ништо не сфаќа. Чувствува дека границите на неговото битие се прошириле, дека Светлината која се јавува го води од смрт во живот. Големината на доживувањето, пак, го вчудовидува и во исто време го збунува, и дури после повторните посети тој почнува да сфаќа дека се работи за Божји дар. За време на гледањето и после тоа душата е исполнета со со длабок мир и слатка Божја љубов. Таа веќе не копнее за ништо: ниту за слава, ни за богатства, ни за каква било земна среќа, па ни за животот. Сето тоа ѝ се глада како залудно, бидејќи сите тежнеења се насочени кон бесконечниот живот – Христос, во кој нема ниту почеток, ниту крај, ни темнина, ни смрт.
По својата природа несоздадената, Божја Светлина е нешто потполно различно од физичката светлина. Гледањето на оваа Светлина раѓа чувство за присутво на живиот Бог, кое го опфаќа целиот човек, умно чувство, но не и разумно, кое со незапирлива сила и во исто време на еден неискажлив и непоимливо внимателен начин го пренесува човекот во еден друг свет, така што тој не може да го утврди мигот кога тоа се случило, ниту тогаш знае дали е во тело или надвор од него. Меѓутоа, тогаш тој е толку свесен за себе, толку вистинито, силно и длабоко, како никогаш во обичниот живот, и во исто време заборава за светот и себе, восхитен од сладоста на Божјата љубов. Со својот дух тој Го гледа Невидливиот... целиот во Него.
Старец Софрониј