Повторно Светлина ми засвети
 
 
 
 
 

Повторно Светлина ми засвети (29.04.2014)

Повторно Светлина ми засвети, повторно јасно гледам,

повторно се отвора небото, повторно се изобличува ноќта,

повторно проникнува сѐ...

повторно ме води надвор од сѐ што се гледа со око...

И така сум во внатрешноста на сѐ, но сепак надвор од сите созданија.

 

 

Светлино и мир и радост, живот, храна и питие,

облека, покров, засолниште и Божји дом...

вистинско и незалезно сонце, вечно сјајна ѕвездо и

светило кое ја осветлува внатрешноста на куќата (душата).

 

 

О, Владико и Создателу на сѐ,

Ти Кој си недостапен за серафимите,

Не само што зборуваш со мене, ме гледаш и храниш

туку си ме удостоил со Твоето Тело,

правејќи го суштествено за мене,

да го допрам и јадам и Твојата пресвета Крв да ја пијам...

Умот ми се смутува, а јазикот ми се одзема

и не наоѓам зборови, Спасителе,

да ги изнесам сите дела на Твојата добрина

кои си ги направил за мене, Твојот слуга...

Се соедини со мене, Човекољупче, поради безмерната милост...

и мојата ќуќа ја исчисти

и влегувајќи во неа, тука се насели, о Света Троице, о Боже мој,

а потоа ме направи престол на Твоето Божество

и храм на Твојата недостапна слава и Царство.

 

Преподобен Симеон Нов Богослов