За Божјото просветлување (05.07.2014)
Суштината е во тоа човекот да внимава да не го напушти Божјата благодат, за да добие просветлување од Бога. Затоа што ако го нема просветлувањето, залудно ни е сѐ.
Што сѐ не доживеал Христос од Своите ученици пред да ги посети Божјата благодат, бидејќи биле од овој свет! Пред Педесетница на апостолите од Бог им било дадено на некој начин да дејствуваат и да му помагаат на светот. Сепак, сѐ уште не биле просветлени бидејќи тоа го добиле на Педесетницата. Иако Христос им говорел дека ќе одат во Ерусалим и дека Синот Божји ќе биде распнат итн., тие размислувале чисто човечки. Затоа и се распрашувале кој ќе седи десно, а кој лево од Него. Но, од Предесетницата, кога Христос им Го пратил Светиот Дух, Утешителот, тие добиле трајна Божја благодат. Пред тоа само неколкупати имале Божјо просветлување: кога им се полнела батеријата, а потоа повторно им се празнела. Требало повторно да ја „вклучат на напојување“ за да се наполни! Повторно се празнела, па повторно на полнење! Кога им Го пратил Светиот Дух, веќе немало потреба за... „напојување“.
Не дека денес ние сме нешто подобри, а тие биле полоши, туку живееме во време на благодатта и затоа така ќе ни биде судено. Крстени сме, Го имаме Утешителот, имаме сѐ. Пред Христос да биде распнат, ѓаволот, на некој начин, имал власт и лесно ги заведувал луѓето. После распнувањето на сите од Христос им била дадена сила да го примат Божјото просветлување. Христовата жртва нѐ ослободила. Крстени сме во Неговото име. Полначот нека биде постојано вклучен. Сега ние сме причината што „струјата“ на Божјата благодат не тече, бидејќи дозволуваме „каблите“ да ни за‘рѓаат.
Старец Паисиј Светогорец