Гордоста е причината за сите наши падови, гревови, зла и неволји
 
 
 
 
 

Гордоста е причината за сите наши падови, гревови, зла и неволји (11.08.2014)

...Сѐ потекнува од гордоста. Тоа е главниот извор на сите наши гревови, зла и неволји.

...Причината и коренот на сите ваши нагони е гордоста; нејзините плодови се: високото мислење за себе, осудувањето, понижувањето и навредата. Колку и да се трудиме да правиме добри дела, поради овие нешта тие се мрачни и не донесуваат полза; бидејќи се спротивни на Божјата волја; Неговото свето учење и самиот Негов живот се кроткост и смирение; треба да учиме од Него за да го здобиеме мирот во нашите души. Причината за сите наши зла е гордоста, а застапник на сите добра – смирението!

За сета наша несреќа и одвраќањето од Бога виновна е гордоста, а спротивно, за блаженството и приближувањето кон Него заслужно е смирението. Сите наши пороци произлегуваат од неа како од лош корен; лошите фиданки се плод на гордоста. Но таа толку скриено се вгнездува во срцето така што оној кој во себе ја носи не може да сфати дека таа е тука, сѐ додека Бог не прати разоткривање преку некое од искушенијата.

Наспроти гордоста се: размислувањето за своите гревови, споменот за Христовото смирение; треба да се сметаме за најлоши, без да заборавиме дека Бог не ги сака горделивите.

Но тоа не е работа за еден ден или месец, туку многу време, волја, подвизи, труд и Божја помош се потребни за да се искорени смртоносниот корен (гордоста); а ако тој се искорне, сите гранки на страстите ќе се исушат и паднат...

...Ѓаволот не те напаѓа преку страстите, туку преку гордоста, која е потешка од сите други пороци. Тој самиот, бидејќи опрелестен, само поради овој грев е симнат од небото, па се труди и другите да ги посрамоти. Премилосрдниот Господ понекогаш допушта да паднеме и да се заплеткаме во некои страсти, за така да ја видиме својата немоќ, и гревовите, и да се потрудиме околу нив, наместо да гледаме на туѓите.

Мислам дека на ѓаволот му е допуштено силно да ве напаѓа, затоа што си мислите дека сте го здобиле мирот.

Преподобен Макариј Оптински