Кон Тебе, Владико...
 
 
 
 
 

Кон Тебе, Владико... (23.03.2015)

 

Кон Тебе, Владико, Кој сите луѓе ги љубиш, брзам да станам од сон. Со милоста Твоја тргнувам да творам дела Твои и да Ти се помолам. Помогни ми во секоја доба и во секоја работа. Ослободи ме од секое зло на овој свет и од прогоните ѓаволски. Спаси ме и доведи ме во Твоето вечно Царство, оти Ти си мој Создател: Ти ја вдaхнови секоја добра мисла во мене. Во Тебе е сета моја надеж и Тебе Те славам сега и секогаш и во веки веков. Амин.

Свети Макариј Велики

***

О Боже, Оче наш, со љубовта Своја сеопфатна прегрни го секое семејство на земјата. Изгони секаков гнев и горчина од домовите, а укрепи во нив простување и мир. Врз родителите положи мудрост и трпение за да можат кротко да пројавуваат умеење во љубовта, а децата нивни нека разбудат во нив најголема добродетел и највозвишена умешност. Во децата всади таква самостојност и самопочит за да можат слободно да им се покоруваат на родителите свои и да пораснат во радоста на заедништвото. Отвори ги срцата нивни за да слушнат вистина во зборовите што другите ги изговараат. Очите отвори им ги за да го видат примерот на своите чесни родители, срцата нивни отвори ги за целосно простување и разбирање на сѐ што е по волјата Твоја, Создателу и Укрепителу на семејствата.

Блажен Августин