Дојди Ти, Кој си дишење и живот мој, утеха на моето скрушено срце
 
 
 
 
 

Дојди Ти, Кој си дишење и живот мој, утеха на моето скрушено срце (31.05.2015)

„Дојди, Светлино вистинска; дојди, Животе вечен; дојди, тајно скриена, дојди, ризницо безимена; дојди, дејност неискажлива; дојди, Лице несознатливо; дојди, радост непрестајна! Дојди, Светлино незалезна; дојди, надеж што сака да ги спаси сите. Дојди, воскресение на мртвите; дојди, о Семоќен, Кој исполнуваш, преобразуваш и менуваш сѐ, со единствената волја Твоја; дојди, Невидлив, Недопирлив, Недофатлив. Дојди, Ти Кој секогаш остануваш неподвижен и Кој во секое време се движиш и доаѓаш при нас, кои лежиме во пекол. Ти си повисоко од небесата. Никој не би умеел да каже што е Твоето толку посакувано и постојано прославувано име. Никој не може да знае како постоиш, од кој род или вид, зашто е тоа неможно. Дојди, венецу што никогаш не венееш. Дојди, Ти Кого бедната моја душа Го сакала и Го сака! Ти Самиот, дојди при мене осамениот. Дојди Ти, Кој ме одвои од сите и ме направи осамен на светов и Кој стана моја желба, Кој сакаше да Те сакам, Тебе, апсолутно Недостапниот. Дојди Ти, Кој си дишење и живот мој, утеха на моето скрушено срце.“

 

свети Симеон Нов Богослов