Неопходно е само сѐ да се прави според Божјите заповеди
 
 
 
 
 

Неопходно е само сѐ да се прави според Божјите заповеди (18.06.2015)

Со вниманието слегни во срцето, застани пред Господ и не дозволувај ништо гревовно да влезе во него. Во тоа се состои целото дејство на внатрешната борба.

 

            Внимание над она што влегува во срцето и над она што излегува од него – тоа е главното дејство на правилниот христијански живот.

 

            Бог никого не напушта. За Него сите се деца. Не постојат посиноци. А тешките настани и ситуации – сето тоа ни е пратено за наша полза.

 

            Мора да го убиете егоизмот. Ако сами не го убиете, тогаш Господ, удар по удар, ќе испрати разни маки за да го скрши тој камен.

 

            Христијанин без ревност е сиромашен христијанин.

 

            Немилосрдност кон самиот себе, подготвеност да им се услужи на другите и целосно себепредавање на Господ со молитвено пребивање во Него – тоа е она што го сочинува духовниот живот.

 

            Самоугодувањето и самосожалувањето сведочат дека во срцето пребива егото, не Господ.

 

            Божествената промисла зависи од животот на човекот, а не неговиот живот од Промислата.

 

            Голема грешка е да се мисли дека врз себе мора да преземеш важни и големи напори, без разлика дали за небото или, како што „прогресивистите“ мислат, за да се допринесе за човештвото. Тоа воопшто не е неопходно. Неопходно е само сѐ да се прави според Божјите заповеди.

 

            Тој што верува во Бог, а не Го исповеда како Отец на Синот, не верува во вистинскиот Бог, туку во некаква своја измислица.

 

            Монаштвото само по себе е постојан труд за совладување и искоренување на страстите за пребивајќи во чиста и безгрешна состојба, човекот да може да се сочува пред лицето Божјо. Значи, ова е вашата задача! Обрнете внимание на тоа и сите свои сили насочете ги кон тоа.

 

Свети Теофан Затворник