За абортусот (13.07.2015)
Зошто сееш таму каде што самата нива копнее да го уништи плодот? Каде постојат лекови за неплодност? Каде постои убивање пред раѓање? Ти дури ни на блудницата не ѝ допушташ да остане само блудница, туку ја правиш и убиец. Навистина, тоа е нешто полошо и од самото убиство, и јас не знам како да го наречам, зашто таа не го убива тоа што веќе е вообличено, туку го спречува дури и неговото вообличување. Што тогаш? Сакаш ли да ги осудиш даровите Божји и да се бориш со Неговите закони? Зарем она што е проклетство ќе го сметаш за благослов? Дали создаваш предворје на колење? Ги учите ли жените, кои ви се дадени за раѓање на потомство, непрестајно да убиваат?
Свети Јован Златоуст (+407)
Понекогаш нивниот садистички разврат оди толку далеку што подготвуваат отрови за да предизвикаат неплодност, па ако и од тоа нема корист, го изнаоѓаат овој или оној начин за да го уништат нероденото (дете) и да го исфрлат од мајчината утроба, зашто тие сакаат да го видат своето потомство како умира уште пред тоа да оживи, или, ако веќе му е даруван живот, настојуваат да го убијат во мајчината утроба уште пред тоа да се роди.
Свети Августин (+430)
Значи, ние сметаме дека животот започнува со зачетокот, зашто тврдиме дека и душата настанува при зачетокот. Животот настанува тогаш кога настанува душата.
Тертулијан (околу 223)
Славата Господова е човечкото битие што е потполно живо и животот на таа личност се состои во созерцание на Бог.
Свети Иринеј Лионски (+202)
За телата на нашите ближни мораме да се грижиме повеќе отколку за сопственото... На Страшниот Суд нема да ме прашаат колку сум била успешна во своите подвижнички правила или колку метании сум направила за време на молитвата. Ќе ме прашаат дали сум нахранила гладен, дали сум облекла бос, дали сум посетила болен или во затвор; тоа е она што ќе ме прашаат.
Мајка Марија од Париз (+1977)