Потруди се постојано да се стрeмиш кон Христос (02.11.2015)
Потруди се постојано да се стрeмиш кон Христос. Гледајќи го твојот стремеж, Господ ќе ти даде сѐ што е неопходно. Си згрешил? Веднаш покај се.
*
Бог не го напушта човекот, туку човекот го напушта Бог. Пеколот е отуѓување од Бог.
*
Бог е бесконечна Љубов, Добрина и Правда. Оној што ја сака добрината и правдата, тој Го љуби Бог и Бог него го љуби како Свое сопствено дете.
*
Љубовта ги надминува сите правила и закони.
*
Верата и љубовта се здобиваат преку страдање.
*
Постои само еден излез од секоја ситуација: големо покајание и враќање во Мајката Црква.
*
Срамно е и грев е кога човек што нема вистинска љубов и вистинско покајание упорно тврди дека православните ќе се спасат, а другите ќе бидат осудени. Не можеме да кажуваме и да заклучуваме такви работи (дали некој ќе биде спасен или осуден), не само за здрав човек, туку и за оној што е болен и умира. Господ вели: „Ако видете дека некој е на смртна постела, не судете му, зашто не знаете како ќе му биде судено“.
*
Гревот е едно, а пеколот нешто друго. Не станува збор за иста работа. Исто така, спасението е едно, а небото (или Царството Небесно) нешто друго. Не е исто. Треба цврсто да веруваме дека без крштение, оној што не се облекол во Христовата светлина нема да го види Царството Божјо. Нам (православните) ни е дадено повеќе и затоа од нас ќе се бара повеќе.
*
Има една изрека кај светите Отци: „Три работи ќе го изненадат спасениот човек на небото: прво, дека е на небото; второ, дека ги гледа оние што не очекувал да ги види, и трето, дека не ги гледа тие што очекувал да ги види таму“.
преподобен Гаврил Ургебадзе