Православниот човек во затворот
 
 
 
 
 

Православниот човек во затворот (18.02.2016)

Во критична состојба, кога човекот е лишен од книги или од каква било надворешна потпора, може да се потпре на својот внатрешен „багаж“. Познавањето на законите и догмите не спасуваат. Треба да се стекне Христос во своето срце. И кога човекот ќе успее во тоа, тогаш православниот човек во затворот има цела програма на живот. Најпрво треба да се присети на православниот календар, кога и кои светители се спомнуваат. Не е задолжително да се знае целиот календар, нашиот црковен живот ќе ни ги каже најважните празници во црковната година, и веднаш ќе се присетиме на сѐ што ни се насобрало во срцето. Ќе ни помогнат и молитвите и псалмите, нив треба секојдневно да ги пееме. Ќе се сетиме на луѓето за кои можеме да се молиме...

Во мислите можеме да се „прошетаме“ по целата земја, од континент до континент, од земја во земја. Можеме да се молиме за нашите познаници и за оние што малку ги познаваме, дури и ако не се сеќаваме на нивните имиња – за ерарси и игумени, за цели парохии, за свештеници, за манастирите во Светата Земја, за светогорските монаси... Колку повеќе некој се сеќава на имиња и случки за кои може да се моли, толку полесно ќе ги поднесува сопствените страдања, толку е побогат неговиот внатрешен „багаж“ со кој ни затворот не е страшен.

 

Блажен Серафим Роуз