Старец Клеопа: За душата
 
 
 
 
 

Старец Клеопа: За душата (24.01.2022)

Браќа мои, да се потсетиме на бесмртноста на душата. Да знаете дека на овој свет сме туѓинци и патници. Чујте што вели Псалтирот: „Ништо е човекот на земјата и туѓинец е како неговите родители!“ Не дојдовме за да останеме овде, овде сѐ е минливо, непостојано; излеговме со раѓањето и ќе осамнеме со смртта. Светиот и богобојазлив Јов вели вака: „Од утробата на мојата мајка паднав во јама!“ Чувте! Толкав му се стори животот на земјата по 400 години. Оти, по битката, Бог му подари уште 140 години живот, по искушувања со толкави маки и болести; и така му се причини, од утробата на својата мајка сконал во дупка. Животот му се видел како еден скок.

 

Животот е заборав и сон... Слушнавте ли со што нѐ споредува Светиот Дух. „Човекот е како трева, неговите денови се како полски цвет; така ќе цути“. И повторно: „Неговите денови како заборав поминуваат“. И повторно: „Деновите мои како заборав поминаа, а јас свенав како трева“. И повторно вели: „Згаснаа како чад моите денови и коските мои се исушија“. И повторно: „Деновите наши се како пајакова мрежа“. Нашите денови се споредуваат со пајакова мрежа. Тоест, како што е ништовна пајаковата мрежа, така е ништовен и нашиот живот на земјата: ние сме само заборав, сон и кревок цвет на земјата!

 

Бог му вели на Исаија: Слушај, пророче, викни и кажи пред народот: „Целото тело човечко е трева и сета слава човечка е како свет на трева. Се исуши тревата и цветот падна, но словото Господовo ќе остане во вековите“. Да не се надеваме на овој живот, бидејќи е заборав и сон. Знаете ли што останува во вековите? Душата. Телото станува земја. Оти, ги погребуваме, а потоа ги откопуваме мртвите и за некое време од нив останува само прав – по некое време ни коските не остануваат; сѐ се претвора во ништо. Тоа е првата заповед, бидејќи „земја си и во земјата ќе отидеш“. Но душата никогаш не умира. Душата останува во век и веков, бидејќи е дух и не може да умре. Така ја создаде Бог. Но за да знаете што се случува со душата кога човек ќе умре, треба да го знаете патот на душата по смртта, според Преданието на Православната Црква.(…)

Ангелот ќе ни покаже с
ѐ што сме направиле и каде сме направиле. Внимавај душо! Кога на Страшниот Суд ќе затруби трубата, ова тело ќе воскресне за миг, како што го гледаш, и ќе бидеш со него и ќе отидеш пред Судот, како што вели апостол Павле: „Сите ќе стојат пред Зборот на судот на Iсус Христос, за секој да прими според она што го правел, добро или зло“.

Старец Клеопа