Календар, житија, пости
 

 

Православен календар за 12/02/2024

Календар, житија, пости
Почеток
 
 

За постот
Светата причест
За исповедта
За духовниот отец

Св. Климент Охридски и Св. Константин Кавасила
Св. Климент Охридски и Св. Константин Кавасила

Православен календар
за овој месец

Пребарување:


Тројцата Свети архиереи

Светителите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат секој свој посебен ден на празнување во месецот јануари. Но овој заеднички празник е востановен во 11 век за време на царот Алексиј Комнен. Еднаш однекаде настана расправа меѓу народот околу тоа кој од овие тројца светители е најголем. Едни го воздигнуваа Св. Василиј заради неговата чистота и храброст, други Св. Григориј за недостижната длабочина и висина на умот во богословието; трети воздивнуваа по Свети Јован со неговата чудесна благоглаголливост и јасност во изложувањето на верата. И така едни се нарекуваа василијани, други григоријани, а трети јованити. По Божја Промисла овој спор беше решен во корист на Црквата и на уште поголема слава на овие тројца светители. Евхаитскиот епископ Јован (под 14 јуни) имаше едно видение во сон, имено: прво му се јави секој од овие светители во голема слава и неискажлива чудесност, а потоа сите тројца заедно. Тогаш му рекоа: „Ние сме едно во Бога, како што гледаш, и кај нас нема ништо противречно, ... ниту има меѓу нас некој кој е прв или втор“. Светителите го посоветуваа епископот да им напише една заедничка служба и да им се одреди еден заеднички ден за празнување. Со ова прекрасно видение спорот се реши на тој начин што 30 јануари се одреди како заеднички празник за тројцата Свети Архиереи.

Тропар
Како рамни по нарав на апостолите и учители на вселената; Господарот на сите молете Го, мир на вселената да ? дарува, а на душите наши – милост голема.

Кондак
Свештените и богогласни проповедници – врвот на учителите – си ги примил, Господи, во покој и за наслада во Твоите блага, зашто нивните подвизи и смрт си ги примил како повозвишени од какви било жртви паленици.

Светиот свештеномаченик Иполит

Пострада за верата во времето на Клавдиј. Кога девицата Хрисија во Рим беше немилостиво мачена за Христа, тогаш за неа пред мачителите се застапи Св. Иполит и ги изобличи. За овој протест го изведоа на суд и го осудија на смрт после долги мачења. Му ги врзаа рацете и нозете и го потопија во морето. Со него и со Хрисија пострадаа уште дваесетмина други маченици. Свети Иполит пострада во 269 година.

Тропар
Кон вас денес повикуваме, еј вие Христови велможи, целиот живот во раце Негови го предадовте, нам барем десеток дајте ни од вашите молитви, Кенсорине – ти со Господа мртви воскреснуваше и венец од двесетмина во Царството принесе, Хрисио блажена девице – чистотата твоја во Христа стана поголема од морската длабина, Савине – чеканот и мачењата само повеќе ја искалија душата твоја, о Иполите, пастиру наш – какво стадо тебе Христос ти довери. Господи, слава Ти!

Светиот маченик Теофил Нови

Како војвода на царот Константин и царицата Ирина беше заробен од Агарјаните кои четири години го држеа во затвор. Откако ги одби сите муслимански навалувања да ја напушти христијанската вера, го убија со меч во 784 година, кога се пресели кај Господ.

Света Батилда

Англосаксонка по раѓање. Во 641 година света Батилда ја заробиле данските завојувачи и ја продале на Ерхиноалд, главен чиновник во палатата на Кловис II, крал на Франките. Мошне брзо ја засакале поради нејзината убавина и благата и кротка природа. Била омилена и меѓу останатите слугинки, зашто им правела многу добрини: им ги чистела чевлите, им ги крпела облеките. Поради таквата природа на сите им станала омилена. Чиновникот, одушевен од нејзините особини, посакал таа да му стане жена, но Батилда, насетувајќи ги неговите намери, од скромност и смирение се облекла во стара и искината облека, и се сокрила меѓу слугите од најнизок ранг. Така, откако не ја нашол, помислил дека таа заминала, па за жена си одбрал некоја друга. Следниот додворувач бил самиот крал, кој ја забележал нејзината убавина и ? изјавил љубов. Во 649 година, деветнаесетгодишната робинка Батилда станала кралица на Франција. Родила три сина: Клотер III, Килдерик II и Теодориц III – сите подоцна станале кралеви. По смртта на Кловис (околу 655 година), била назначена за регент во име на најстариот син, кој имал само пет години, и осум години успешно управувала заедно со свети Елеигиј, кој бил нејзин советник. Света Батилда основала и многу манастири, меѓу кои Корби, Сен Дениз и Шеле. Градела и болници, дури го продала и својот накит за да им помага на бедните. Конечно, кога Клотер станал полнолетен, таа се повлекла во манастирот во Шеле, близу Париз, каде што служела со другите монахињи, подвизувајќи се во смирение и послушание кон игуменијата како најпоследна меѓу сестрите. Се упокоила во 680 година, во Шеле, пред да наполни 50 години.